На 20 септември 2014, Младинската организација на ДОМ во Штип организираше Изборно собрание во Џез Арт Клуб „Матис“, на кое ги изгласа новите раководни тела и своите програмски определби. Членовите на општинската организација на Собранието ги поздравија претседателот на Општинската организација на ДОМ Штип, Ванчо Санев и претседателката на МОДОМ, Симона Сарделиќ.
За претседател на МОДОМ Штип е избран Каровски Мартин, двајца потпретседателисе Иванов Кирил и Велков Иле, а нов организационен секретар е Маноилова Моника. За членови на надзорниот одбор избрани се Николов Мартин, Тошева Вера и Апостолов Бобан.
Новоизбраното раководство во следните 2 години ќе стави акцент на подигање на нивото на дијалогот помеѓу младите, а секако приоритети и понатаму остануваат зелените политики, заштитата на културно-историското наследство и толеранцијата преку унапредување на односите меѓу различните верски и етнички заедници.