ДОМ во посета на општинските организации за решавање на еколошките проблеми

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска деновиве започна посети по Општинските организации на партијата во Берово, Делчево, Штип и Тетово.

Во Берово преседателката Поповска се запозна со успешната туристичка сезона и со идните проекти за збогатување на туристичката понуда. Претседателот на општинската организација на ДОМ од Берово, Јован Ковачевски, ги запозна присутните со проблемот со истекувањето на водата од езерото, што може да има сериозни последици за луѓето, биодиверзитетот, но и за туризмот.

Во Делчевосе информираше за проблемот со водата за пиење во селото Звегор.

Штип, Лилјана Поповска, се прошета по новоизградената пешачка патека под Исарот што беше дамнешна иницијатива на ДОМ, а сега е реализирана од градоначалникот Илчо Захариевски и истовремено се запозна со иницијативата на ДОМ за нова атрактивна содржина на овој потег, карпа за Слободно качување и Летање во природа.

Скопската екипа во Тетово беше информирана дека членовите на ДОМ активно се вклучени во борбата за решавање на отпадот во градот и расчистување и функционирање на спортскиот центар и паркот.