ДОМ Чека одговор од јавното обвинителство за МАКСТИЛ и ЈЕГУНОВЦЕ

Поповска на средби со општинските организации

Сите скопски општини имаат заеднички проблем со загадувањето од Макстил, за што ДОМ чека реакција од Јавното обвинителство, откако во јули поднесе кривична пријава. Покрај ова, постојат и специфични еколошки проблеми во разни делови од градот, за што ДОМ интензивно контактира со разни институции и правни субјекти, заради нивно отстранување.

Ова беше дискутирано на средбите што претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, ги оствари со скопските општински организации на Карпош, Центар, Кисела Вода, Аеродром од ИЕ1, како и со Ѓорче Петров, Гази Баба, Чаир и Бутел од ИЕ2.