ДОМ: Не прифаќаме ултиматуми од никого

ДОМ ќе продолжи да се бори против загадувањето и за обезбедување деноноќен надзор на квалитетот на воздухот, водата и почвата. Ова е дел од еколошкиот програмски пакет со кој влеговме во оваа владина коалиција. Логично е да останеме во неа, се дури имаме можност за делување и исполнување на нашата програма. За една партија, најефикасна е борбата од внатре, во самите институции, иако сме свесни дека влијанието е пропорционално со нашето учество во власта.

Убедени сме дека ќе успее борбата со загадувањето од Макстил и Југохром, онака како што беше случај со топилницата во Велес и обидот за градба на железара во Неготино. Притоа, застануваме во ист фронт со секој искрен борец за здрава животна средина, независно од политичката боја.

Во случај на блокада на нашата програма, никогаш не е доцна за излез од коалиција. Но тоа би била само наша, широко дебатирана одлука. Не прифаќаме ултиматуми од никого.

Во случајов со прозивката остануваме зачудени и се прашуваме дали овде се работи за искрена граѓанска иницијатива, или за нешто друго. Зашто искрени борци за екологија не одбиваат соработка со сите што работат на тоа поле.