По многуте повици и протести, вратите на Макстил конечно се подотворија за јавноста. Пред медиумите и пред заинтересираните беше претставена динамиката на проектот за зафаќање на примарните и секундарните емисии. На презентацијата покрај претседателката Лилјана Поповска и други претставници од ДОМ, присуствуваа и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, инспекторот за животна средина, здруженија на граѓани и граѓанската иницијатива „Стоп за загадувањето од Железара“.
Од Макстил јавно ветија дека ќе ги забрзаат активностите и ќе ги испочитуваат преземените обврски за еколошко прилагодување на компанијата до крајниот утврден рок 31 октомври 2014.
Претседателката Лилјана Поповска во обраќењето до медиумите истакна:ДОМ и понатаму инсистира Макстил да престане со работа ВЕДНАШ, се до завршувањето на еколошкото прилагодување. Сега тие работат со 30%, но гледаме дека ја загадуваат животната средина, особено во вечерните часови и во викендите.
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски истакна: Од министерството се врши интензивен мониторинг врз работата на Макстил, а утре ќе ги имаат резултатите од мобилните мерни станици. Се работи и на проширување на работата на инспекциските служби за деноноќно следење.
Со почит,
Сектор за односи со јавност на ДОМ