ДОМ Бара итно носење на Законот за зеленило

ДОМ бара итно носење на Закон за зеленило, кој е изготвен веќе една година, во соработка со Градот Скопје, за да се заштити преостанатото зеленило. Очекуваме тој да се донесе во првите 100 дена на Владата, според предизборниот договор.

Сакаме да веруваме дека Законот нема веќе да се одложува поради довршување со одредени урбанистички зафати, кои зелените површини ги третираат како празни градежни парцели, па се расчистуваат со сечење дрва, како што беше вчерашното на улица Железничка.

ДОМ е огорчен што никој надлежен не пресметал колку кубни метри кислород дневно се уништени со само еден потег, во едно рано утро!