Анета Поповска беше преставник на МОДОМ на студиската посета која се одржа од 20-ти до 27-ти Октомври 2013 во организација на Мрежата за развој и соработка во Источна Европа (CDNEE) во соработка со Секторот за млади на Советот на Европа во Будимпешта, Унгарија. Тема на студиската седница беше „Навигација надвор од Веб насилството-Борба против родово-базирано насилство он-лајн“. Покрај нашата преставничка имаше на студиската посета земаа учество преставници од младинските организации на Зелените од Србија, Косово, Црна Гора ,Хрватска, Русија, Ерменија, Украина, Белорусија, Азербеџан, Молдавија, Полска, Германија, Каталонија, Грузија, Казахстан, Швајцарија и Шведска.
Целта на студиската посета беше да се подигне нивото на свеста за родово базираното насилство он-лајн, да се простудира проблемот и да се добие општа слика за тоа, како и да се разбере важноста на родово базираното насилство он-лајн во општеството; да се мотивираат младите луѓе да се борат против ваквиот начин на насилство, кој зема замав во современото општество како нов вид на насилство кој може да се одвива во глобални рамки светски рамки; да се подигне знаењето за родово базираното насилство он-лајн; да се истражуваат формите и манифестациите на овој тип на насилство во однос на тоа да се предвиди кој е предизвикувач на таков вид на насилство, а кој е под влијание на таквото насилство (сторителите и жртвите ); да се разберат причините зошто се јавува овој вид на насилство и врз основа на тоа ;да се истражува за да се развијат идеи за дејствување, но и да се разбере родовата-полова еднаквост, насилството и говорот на омраза и да се видат ефектите од родово базираното насилство он-лајн во однос на он-лајн и офф -лајн животот и последиците од тоа.
Понатаму студиската програма им овозможи на учесниците да развијат вештини за борба против родово базираното насилство он-лајн на тој начин што ќе се искоритат постоечките механизми и ќе се развијат вештини за признавање на овој вид на насилство.
Сите вклучени партиципанти имаа за цел да разменат знаења и искуства од различните земји од каде што доаѓаат. Ова беше поттик за учесниците и организациите да дејствуваат активно преку заеднички активности и координирани акции, секој во својата земја преку својата организација.
Од оваа студиска посеат креирана е база на податоци во која се вклучени сите партиципанти, направена е фејзбук страна и кратко видео кое го означува почетокот на идните активности на партиципантите.