Пратеничката Лилјана Поповска, денес во Собранието на Република Македонија го поднесе предлогот на Законот за зеленило по скратена постапка кој не беше прифатен.
Носењето Закон за зеленило го иницираше ДОМ како зелена партија низ повеќе фази. Започна од предлог за зелен катастар на Скопје во 2011-та – следеше поддршка од градоначалникот Коце Трајановски, донаторска конференција и одвојување буџет за таа намена. Соработката продолжи со поддршка и на иницијативата за закон во 2012-та, па беше формирана работна група од членови на Комисијата за екологија на ДОМ, претставници од Градот Скопје, ЈП „Паркови и зеленило“ и Агенцијата за урбанизам и просторно планирање, за изработка на законот.
На 1 јуни 2013 година овој Предлог на закон беше доставен до Градот Скопје, по што помина две расправи со претставници од Градот Скопје и општините а подоцна и во ЗЕЛС од каде доби поддршка на 5 февруари 2014 година, со одредени забелешки кои беа вградени во текстот.
Како што заврши Поповска ова е закон за кој нема партиски бои и сите заедно ќе го разгледаме, издискутираме, поправиме ако треба и со консензус ќе го донесеме, како наш заеднички закон. Со ова практично е отворена дебата во јавноста по законот.
Сектор за односи со јавност на ДОМ