Извршниот одбор на ДОМ на вчерашната седница зазеде став ДОМ да го поддржи проф. Ѓорѓе Иванов за претседател на Република Македонија, предложен од коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ.
Овој став ќе биде препорака за поддршка и од Централниот одбор на партијата, кој својата седница ќе ја одржи до крајот на оваа недела. Извршниот одбор на ДОМ е убеден дека актуелниот Претседател на Република Македонија и кандидат за нов мандат проф. Ѓорѓе Иванов има одговорен однос кон националните интереси на Македонија како унитарна граѓанска држава и има разбирање за зелените политики и одржливиот развој кон кој треба да се стремиме. Ова беа всушност неопходните критериуми за поддршка на коалициски претседателски кандидат, за кои се произнесе Централниот одбор на ДОМ на својата последна седница пред еден месец.
Прес конференцијата зборуваше портпаролот Тони Ристов
Со почит,
Сектор за односи со јавност на ДОМ