На седницата на Централниот одбор на ДОМ која се одржа денеска (сабота), 18.01.2014 година, се донесе одлука за одржување на третиот Конгрес на партијата, а датумот на одржување на Конгресот дополнително ќе биде утврден.
На Централниот одбор се дебатираше за статутарни измени во насока на јакнење на младите и поттикнување целосен родов баланс на раководните функции.
На седницата се избраа 8 нови членови на Централниот одбор на ДОМ од кои 4 се потпретседателите на Модом (Младинската организација на ДОМ).
На истата седница се разгледуваше и актуелната политичка ситуација во земјата, претстојните претседателски избори, како и можноста за предвремени парламентарни избори.
ДОМ е подготвен да поддржи претседателски кандидат за кој ќе биде убеден дека ќе има одговорен однос кон Македонија како унитарна граѓанска држава и кој ќе има разбирање за зелената опција и одржливиот развој.
На локалните избори се покажа дека во Македонија има најмалку 25000 граѓани на кои им е важна зелената опција и би претставувале 3 пратенички места во македонскиот парламент.
ДОМ сериозно се подготвува за избори и поради таа причина на оваа седница го формираше Централниот изборен штаб.