Младинската организација на Демократска обнова на Македонија (МОДОМ) на 14.12.2013 (сабота) во галерија „КОРА“, со почеток од 12:30 часот организира трибина на тема „Посилен глас за политичките подмладоци!“.
Со оваа трибина, МОДОМ ја започнува својата кампања која ќе опфати повеќе активности со крајна цел посилни политички подмладоци.
Гости на трибината се членовите на извршниот одбор на Мрежата за развој и соработка на Источна Европа (ЦДНЕЕ), мрежа на организации на младите Зелени.
На трибината покрај гостите од Финска, Грузија, Ерменија, Украина и Србија поканети се преставници на подмладоците на политичките партии, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид, Националниот младински совет (НМС), НВО-и.
Со почит,
МОДОМ