По повод меѓународниот ден на лицата со хендикеп, 3 декември, Комисијата за анти- дискриминација на МОДОМ, како и секоја година, ќе го одбележува работно.
Работното одбележување ќе се состои од промоција на пораки за подгнување на свеснота на граѓаните за нашите сограѓани, кои секојдневно се соочуваат со препреки, кои ги оддалечуваат од посакуваното функционирање.
Промоцијата на пораки ќе се случи во 17 часот на плоштадот „ Македонија “.
Воедно, би сакале да повикаме на поголема солидарност со нашите сограѓани, пријатели и роднини, лицата со хендикеп. Преку Одбележувањето на овој ден да ја зголемиме свеста за интеграцијата на лицата со инвалидност во секој аспект на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот.
Со почит, Комисија за анти-дискриминација на МОДОМ