Потпишан меморандум за развој на туризмот во Македонија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Проектот за УСАИД за експанзија на мали бизниси денеска потпишаа меморандум за соработка со цел развој на активниот туризам во Македонија кој вклучува еко, културен, спортски, селски и вински туризам. 

Меморандумот го потпишаа директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски и директорот на Проектот за експанзија на мали бизниси, Карл Ларкинс.

Соработката вклучува формирање на работна група која ќе ги поврзе претставниците на локалните туристички претпријатија, како и на државната и локалната власт за да се поттикне развојот на оваа гранка. Ќе бидат организирани и AdventureEDU обуки за локалниот туристички сектор, студиско патување за запознавање на туроператори специјализирани за активен туризам со понудата во Македонија и Регионален самит на Здружението за активен туризам во домаќинство на државите од Западниот Балкан во 2015 година.