Благодарница за Поповска за заложбите за Зелен Велес

Детскиот и младинскиот паламент на Македонија – Велес во име на децата и младите од Велес на Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска и додели благодарница за заложбите за зачувување на животната средина и здравјето на сите нас, а посебно за заложбите за Зелен Велес.

По повод Универзалниот ден на детето, а како благодарност од децата за предводниците на Зелената и Еко-револуција, зелена панделка и благодарница покрај пратеничката во Собранието на РМ и претседателка на зелената партија ДОМ Лилјана Поповска добија и невладините организации дел од Зелената коалиција (Фондација Фокус, Вила Зора, Green Power, Организацијата на жени, ДРГЗП, Извидници Велес, ЗГ на децата со церебрална парализа), Градоначалникот Славчо Чадиев, претходните градоначалници Горан Петров и Аце Коцевски, Советот на Општина Велес, , Министерството за животна средина и медиумите од Велес.

Организатор на настанот беше Детскиот и младиснки парламент од Македонија-Велес, кој овој пат акцент стави на заштита на децата,на екологијата и здравата животна средина.