Подмладокот на Европската зелена партија ќе го одржи своето Генерално Собрание и пролетна Конференција во Мехелен, Белгија од 17 до 21 мај. Овој настан е посебно важен поради подготовките за европските изборите во 2014 година. Посебен осврт ќе има на финансиската криза, нејзиното глобално влијание и можните решенија.
Подмладокот на ДОМ (МОДОМ) ќе има свој преставник, потпретседателот на МОДОМ, Блаже Јосифовски, кој воедно е и член на Извршниот Одбор на Мрежата на Источно-европски зелени организации. Тој ќе ја има честа да го поднесе барањето за членство на МОДОМ во подмладокот на Европската зелена партија. МОДОМ за оваа цел ја има пошироката поддршка на зелените организации од Македонија, како и од зелените подмладоци од: Украина, Албанија, Хрватска, Белорусија и Молдавија.