Марин Цветков, член на ИО на МОДОМ, беше учесник на тродневниот семинар од 22-24 декември 2013 на Федерацијата на младите европски зелени во Атина.
Целта на овој трениг беше да се воспостават одредени мерила според кои младиот човек во Грција би требало да добие работа. Тренингот се состоеше од едукативни делови и улична акција. Младите Зелени маршираа низ централниот плоштад на Атина извикувајќи еден слоган: ЕКОЛОГИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ, ДЕМОКРАТИЈА и делеа сончогледи кои се заштитен знак на FYEG.
Во рамките на овој настан се одржа и дебата на која се изнаоѓаа решенија за проблемите во Грција, преку неколку сегменти: финансии, економија, внатрешна стабилност и слично. На дебатата учествуваа еминентни и докажани лица во областа на екологијата и здравиот начин на живот од цела Европа, меѓу кои и Ребека Хармс, а подоцна се вклучи и Ска Келер. Учесниците говореа за принципите и вредностите на младите луѓе денес, правејќи споредба со принципите на една постара и поконзервативна генерација. Младите Зелени зборуваа за омразата која што е голем проблем во Грција, омразата кон другите раси и воопшто кон другите народи.