Нов советник во ДОМ

Носителот на независната листа Синиша Смилески и новоизбран член на Советот на општина Македонски Брод од денеска е нов советник на ДОМ.

Носителот на независната листа Синиша Смилески и новоизбран член на Советот на општина Македонски Брод од денеска е нов советник на ДОМ.

Јас сум новоизбран член во Советот на општина Македонски Брод. Настапив како самостоен кандидат. Од денеска се придружувам на ДОМ, а со самото тоа моите заложби ќе бидат во координација со Коалицијата За Подобра Македонија.

Причините поради кои се решив да се придружам на ДОМ како зелена партија се моите лични убедувања за заштита на животната средина, развојот на еко туризмот, еко – земјоделството затоа што потекнувам од таква средина и моите избирачи се зависни од природата која ги опкружува. Како моја благодарност за гласовите кои ми ги доверија сакам да ги оправдам нивните очекувања во иднина со тоа што ќе работам на развојни проекти токму во овие сектори – рече советникот Синиша Смилески на прес конференцијата на која објави дека се придружува на ДОМ.

Се надевам на понатамошна поддршка од граѓаните и најаваувам повеќе активности на Општинската организација на ДОМ, а сите заинтересирани за пристапување да не контактираат во нашите општински канцеларии.