Честитка од ДОМ до избраните градоначалнички

Во име на ДОМ и во мое лично име, сакам да им честитам на избраните градоначалнички во Кисела Вода и во Градско и да им пожелам среќа на кандидатките за градоначалници во Тетово и во Богданци.

Во име на ДОМ и во мое лично име, сакам да им честитам на избраните градоначалнички во Кисела Вода и во Градско и да им пожелам среќа на кандидатките за градоначалници во Тетово и во Богданци.

Со ова се покажа дека борбите на ДОМ кои траеја четири години, вродија со плод и по четиригодишна кампања за жени градоначалнички, овојпат ќе имаме три или четири градоначалнички, токму онака како што најавувавме пред изборите.

Со задоволство можам да кажам дека во оваа наша борба се придружија невладините организации и Клубот на жени парламентарки каде што сите заедно лобиравме во политичките партии да дадат кандидатки на добитни позиции и овојпат тоа се случи.

Очекувам дека на следните локални избори ќе имаме два до три пати повеќе градоначалнички, а во меѓувреме на избраните градоначалнички ќе им помогнеме да добијат видливост и да добијат сила, да направат добри работи коишто ќе бидат видливи и добро оценети од граѓаните.

ДОМ пред четири години предложи измени на изборниот законик со предложена родова квота за предлагање на градоначалници. Тој закон за жал не помина во парламентот, меѓутоа добивме јавно ветување од политичките партии дека ќе направат напори да предложат жени на добитни позиции. Во меѓувреме таа кампања ја повторувавме во неколку наврати и еве конечно резултатите се тука.

Интегрален текст од прес конференцијата на која зборуваше Лилјана Поповска