Форум на жени на ДОМ е против предлог на законот за абортус

Форумот на на жени на ДОМ е против предлогот на законот за абортус, кој е доставен до собранието на Р. Македонија. Сметаме дека правото на абортус е неприкосновано право на жената и е во доменот на основните човековите права.

Жената има право да одлучва дали и кога ќе стане мајка, бидејќи раѓaњето дете кога жената од било кои причини не е спремна за овој многу важен чекор во нејзиниот живот, може да има огромно негативно влијание на квалитетот на животот не само на жената, туку и на мажот и на нивните деца.  Истовремено сметаме дека доколку се ограничи правото на абортус, жените кои сакаат да ја прекинат  несаканата бременост, ќе се одлучат тоа да го направат со помош на нестручнeн кадар и во несоодветни услови што директно ќе доведе до загрозување на животот и здравјето на жената или помошта ќе ја бараат надвор од границите на државата. Затоа ги повикуваме сите членови на парламентот на Р.Македонија без разлика на нивната родова, политичка, религиозна и национална припадност да гласаат против овој предлог закон за абортус.

Со почит,

Сектор за односи со јавност