Писмо со поддршка од Европската Зелена Партија до ДОМ на локалните избори 2013

Ја изразуваме нашата поддршка на политичката партија ДОМ на претстојните локални избори кои ќе се одржат на 24 март 2013 во Македонија.

Европската зелена партија ја поздравува одлуката на ДОМ за самостоен настап во 43 општини ширум Македонија. Вкупната бројка од 777 кандидати за советници ја сметаме за импресивна и го поздравуваме фактот дека на советничките листи има еднакво учество на мажи и жени кандидати.

Од страна на Комитетот на Европската зелена партија би сакала да Ви упатам желби за успех во последната недела од кампањата и на претстојните избори. Се надевам дека резултатот ќе ја постави партијата како трета политичка сила во Македонија.

Се надеваме дека голем број на Македонци ќе го одберат зеленото, ќе дишат слободно и ќе гласаат зелено во недела!

Срдечен поздрав,

Жаклин Кремерс 
Генерален секретар на Европската Зелена Партија

Целосен превод на писмото упатено до ДОМ од Генералниот Секретар на ЕЗП