ДОМ ги поддржа иницијативите на Анима Мунди и останатите здруженија за заштита на животните, во нивните намери и активности за хуман третман и грижа на животните. Притоа ДОМ и Анима Мунди потпишаа Меморандум за соработка во процесот на прилагодувањето на законските и други акти кои ја регулираат оваа област.
ДОМ во својата политичка агенда ја приоретизира важноста за еден зелен и хуман свет, каде за секого има место. Во Меморандумот се вели дека двете страни заеднички активно ќе придонесат за:
1. Хуман третман на бездомните животни, грижа за кучињата во стационарите, пред се во стационарот Вардариште
2. Формирање на полиција за животни и осудување на насилството врз животните,
3. Јавно ќе се заложиме за промена на Законот за заштита и за благосостојба на животните според европски стандарди
4. Ќе се залагаме за засилување на влијанието на здруженијата за заштита на животните во програмите кои се однесуваат на нивните права (едукација за методите на намалување на продукцијата на бездомна популација на миленичиња)
5. Промоција на зелените акции, како што е здравиот начин на исхрана и сл.
Анима Мунди упати барање до политичките партии како дел од нашите барања и заложби за похуман третман на животните односно за зголемување на правата на животните. Тоа се барања кои би влегле во програмата на градоначалниците. Многу ни е драго што ДОМ застана зад нашите барања и ги стави во програма. Ова е особено важно затоа што заштитата на животните и заштитата на животната средина одат рака под рака, тие самите по себе се во коалиција и во една спрега. Анима мунди како здружение веќе има остварено многу добри контакти со групата на Зелените во Евро парламентот и следствено на тоа воспоставиме соработка и со нашата ДОМ, бидејќи имаме исти принципи и иста филозофија како би требало да изгледа едно похумано и поубаво Скопје во периодот кој доаѓа пред нас – изјави Столе Велковски претставник на Здружението за заштита на животните Анима Мунди.