Можностите за вработување на младите во органското земјоделство

Проектите како овој ги инспирираат и мотивираат младите да најдат решенија за сложените секојдневни проблеми со кои се соочуваат преку младински активизам и креирање на можности за отворање на зелени работни места и развој на зелената економија.

Младинската организација на Демократската обнова на Македонија (МОДОМ) во соработка со Движењето на екологисти на Македонија (ДЕМ) во периодот од 15-ти до 20-ти јануари 2013 година во Стење, Ресен беше домаќин на Регионалниот состанок на европските подмладоци на Зелените партии и невладините организации кои се активни во овој сектор и се дел од Мрежата за соработка и развој на Источна Европа под наслов “Младите и вработувањето, Балкански перспективи“.

 Во рамките на овој состанок во соработка со Здружението на овоштари „Благој А. Котларовски“ – најголемите производители на јаболка во земјава за присутните беше организирана посета на овоштарниците проследена со презентација на процесот на кроење на јаболката, а воедно и станицата за компостирање. Двајца преставници од Здружението на овоштари  имаа свои презентации, а потоа  следеше дискусија и прашања во однос на Зелените работни места во секторот – земјоделство односно можностите за органско земјоделство и компостирање.