Жените во Македонија имаат силен глас

Жените во Македонија се самосвесни, се борат и затоа имаат постигнато многу. Онаму каде што сега треба да се фокусираме е натамошното економско јакнење на жените. 

Курир: За жените, претседателката на ДОМ, вели дека солидно се застапени во сите сфери и се надева дека на овие избори Македонија ќе ја добие првата жена градоначалник.

 -Жените во Македонија имаат прилично силен глас и тоа е така дестина години наназад. Во политиката сме солидно застапени со 32,5 проценти, имаме редица мерки, бенефиции и подршка за влез во нови бизниси, за започнување на работа во рурални области. Имаме и редица социјални мерки за поддршка на ранливи групи жени како што се жртви на семејно насилство, жени Ромки кои посебно се стимулираат за да се едуцираат, има редица мерки кои значат поддршка за домувањето за ранливите категории и уште ред други работи кои се однесуваат на женското здравје. Македонија превзема многу работи кои добар дел земји од Европа ги немаат, а дефинитивно ги немаат земјите од регионот и југоисточна Европа. Македонија е лидер во поглед на организирноста на жените почнувајќи од парламентот, каде има и женски парламентарен клуб и комисија за еднакви можности на жените и мажите..Жените во Македонија се самосвесни, се борат и затоа имаат постигнато многу. Онаму каде што сега треба да се фокусираме е натамошното економско јакнење на жените. Затоа, Комисијата за еднакви можности на мажите и жените иницираше меѓународна конференција со претставници од 7 држави за економско јакнење на жените од руралните средини при што договоривме и конкретна регионална стратегија. Во таа насока ќе организираме и друга меѓународна конференција со 6 учеснички од регионот, на која ќе се дискутира генерално за економското јакнење на жените, оваа конференција ја работиме заедно со ИРИ од Вашингтон и веруваме дека ќе направиме во оваа насока многу јасна рамка што ќе ја бараме од нашите Влади . Ќе треба да доработиме и за вклучување на жени на извршни позиции и во Влада и во лакалната самоуправа. Ние за жал досега немавме жена градоначалничка и очекувам на овие локални избори да ја смениме таа состојба.Жените покажаа дека еднакво како и мажите се сериозни и одговорни и се носат со задачите на кои ќе се нафатат.

 Курур:  Поповска смета дека заложбите кон ЕУ се должност, бидејќи евроинтеграцијата е процес кој граѓаните го сакаат и одобруваат.

 -Ние ќе продолжиме да се бориме за влез во ЕУ, тоа си го должиме себеси и тоа е наша стратешка определба, тоа е заложба на над 90 отсто од граѓаните. Од друга страна тоа е и заложба и борба на многу пријатели на Македонија и од почит кон нив ние тоа ќе мора да го продолжиме. Тука ќе ги спомнам Ричард Ховит и Фуле и многу други претставници од држави кои ни дадоа несебична помош и се бореа за нас како да се работи за нивна сопствена татковина.

 Курир: Поповска вели дека она што ни треба пред се е внатрешна кохезија, а не неразумно политичко однесување, состојба со која се соочуваме денес. Го посочи опозициското кочење на буџетот.

 -Тоа е тотално неполитичко однесување од страна на колегите од опозицијата, затоа што политиката има правила и ред. На опозицијата и е обврска да предлага измени, амандмани и да се бори за нив, некои ќе поминат некои не. Опозицијата не смее да блокира, посебно не смее да се блокира буџет. Каков и да е буџетот подобро е да го имаме навреме за да може државата да функционира, отколку да не се донесе буџетот. Последиците од не носење на буџетот се премногу сериозни за целата држава и за сите граѓани. Тој не треба да се внесе во политички игри, кои во крајна линија им носат штета пред се на тие што ова го иницираат.

Извор:  информативен сајт курир