Форумот на жени на ДОМ во посета на Детското село

По повод Меѓународниот на солидарноста (20 декември) и во пресрет на Новата година , Форумот на жени на ДОМ го посети Советодавниот Центар за родители и деца на СОС Детското село Македонија кој функционира во рамките на градинката „25 Мај“, при општината Гази Баба. Во оваа прилика жените од Форумот на жени на ДОМ и Дедо Мраз на околу 50-тина дечињата им подарија новогодишни подароци.

Децата, пред присутните, изразија желба да се презентираат со мала приредба во која ги покажаа своите таленти и вештини и на скромен начин возвратија на ова хуманитарна иницијатива на Форумот на жени на ДОМ.

Координаторката на Форумот на жени д-р Маја Морачанин во оваа прилика истакна – Овие денови на солидарност и очекување на нови убави моменти кои сакаме да ни се случат во новата 2013 поскавме да ги споделиме со овие дечиња, на кои им е потребна институционална заштита во што државата вложува напори да им го обезбеди, но ние како жени и како мајки сакавме да ја споделиме и топлината и да покажеме грижа за нив. Затоа сме денеска со нив и во иднина ќе продолжиме да им помагаме во рамките на нашите можности, со цел тие да станат возрасни граѓани кои ќе си го заземат своето место под сонцето, но и ќе ја продолжат хуманата мисија за некои нови млади генерации.

СОС Детското село Македонија започна да функционира во 2002 година кога беше згрижено првото дете. Денес во селото има 12 семејни куќи и две младински куќи каде се згрижени 89 деца и младинци без родители и родителска грижа. Освен во полето на заштита, организацијата СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА е активна и во полето на превентивата со два Советодавни Центри кои функционираат во рамките на оштините Гази Баба и Шуто Оризари. Денес, под закрила на организацијата СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА се близу 400 деца без родители и родителска грижа и деца кои се во ризик во рамките на своите биолошки семејства.