Оваа трибина се одржува во време кога одбележуваме 60 години од катастрофалниот лондонски смог кој одзеде над 10000 животи и регистрираше 100 000 заболени лица. ДОМ многу пати досега реагирал на преземање мерки за намалување на загаденоста и тоа во последниве неколку месеци конечно се прави, пред се поради активностите кои ги презема градот Скопје и Министерството за животна средина, кои посветија внимание на четирите најголеми извори на загадување на Скопје, а тоа се индустриските капацитети, сообраќајот, горивата кои служат за затоплување на домовите и објектите и намалувањето на зелените површини- истакна Поповска.
Берлин e град во кој зелените површини заземаат 43,6% од територијата на градот. Ова зеленило придонесува загадувањето во градот да биде намалено за 25%. Берлин како зелен град има преземено и серија други мерки со кои ја намалува загаденоста како на пример: Заштита на постоечкото зеленило, Проширување на зоните со зеленило, Редуцирање на енергетските потреби со ЕЕ, Примена на ОИЕ, Пренамена на Капацитетите за производство на користење ОИЕ, Високи екостандарди за објекти кои користат фосилни горива, Регулирање на загадување воздух од градилишта– изјави на денешната трибина Дипл. Инж. Архитект Ѓорги Трајановски од Германска техничка соработка и член на германските Зелени.
Особено значајна мерка е обележаната Зелена зона која го опфаќа централното градско подрачје каде можат да се движат само возила (лесни и тешки) кои ги исполнуваат поставените критериуми за нивото на емисија на штетни гасови и таа важи и за жителите и фирмите на таа област. Оваа мерка се презема, бидејќи сообраќајот во Берлин значајно учествува во загадувањето на воздухот и со нејзе се намали загадувањето на воздухот со т.н. фина прашина РМ10 и СО2 која предизвикува опасност по здравјето.
Претседателката Лилјана Поповска во своето обраќање изјави загриженост за загаденоста на воздухот во Скопје. Оваа трибина се одржува во време кога одбележуваме 60 години од катастрофалниот лондонски смог кој одзеде над 10000 животи и регистрираше 100 000 заболени лица. ДОМ многу пати досега реагирал на преземање мерки за намалување на загаденоста и тоа во последниве неколку месеци конечно се прави, пред се поради активностите кои ги презема градот Скопје и Министерството за животна средина, кои посветија внимание на четирите најголеми извори на загадување на Скопје, а тоа се индустриските капацитети, сообраќајот, горивата кои служат за затоплување на домовите и објектите и намалувањето на зелените површини. ДОМ активно и конструктивно сака да придонесе кон овој проблем и токму затоа е и оваа трибина и иницијатива која произлегува од неа за примена на германските мерки за намалување на загадувањето на воздухот – заврши Поповска
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, г-нот Стево Темелковски, ја поздрави оваа иницијатива. Првиот чекор е проценка на состојбата преку спроведување на истражување. Таква задача во Министерството за животна средина има Македонскиот информативен сектор за амбиентален воздух, кој има обезбедено 17 станици низ цела Македонија, додека само во Скопје и околината има 7 такви станици, кои ја следат состојбата преку мерење на еколошки и метереолошки параметри, како и степенот на хемиска загаденост на воздухот. За таа цел се формираше интерсекторско тело во кое членуваат претставници и стручни лица од министерството за животна средина, локална самоуправа, економија, јавно здравје, Град Скопје, Влада на РМ и други, кое донесе сет од краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки за заштита на здравјето, кои беа усогласени со компаративните анализи од оваа област на земјите во регионот.
Сепак најефтина мерка преставува озленеување и пошумување на градот, бидејќи од 30% до 60% прашина и јаглерод диоксид се апсорбира преку зеленилото, кое преставува еден вид на зелена бариера. Ако во шума можат да се најдат 200-300 бактерии на едно место, во град тоа е 250 пати повеќе. Зелените површини го намалуваат загадувањето, ја намалуваат горештината и ја зголемуваат влажноста на воздухот – нагласи Темелковски.
Заменик раководител на секторот за животна средина на Град Скопје, Лилјана Ончевска, истакна дека Град Скопје и Министерството за животна средина спроведуваат контрола на стопанските загадувачи преку издавање на АМБ еколошки дозволи и вршење на инспекциски надзор, меѓутоа мора да се забележи дека сеуште нема контрола на загадувањето од издувните гасови од домаќинствата, малите ложилници и некои јавни установи, кои се греат на јаглен и дрва, бидејќи нема законска основа за тоа. Постои правилник на Дирекцијата за заштита и спасување за оџаци и димоводни канали, но нема казнени мерки и инспекциски надзор. Во однос на зеленилото, Градот е свесен за забелешките за исечените дрва и се труди тоа да го реши преку воведување на нови зелени површини и пошумување, како и нивно поврзување, со цел надоместување на изгубените коридори на поветрување.
Co почит,
Сектор за односи со јавност на ДОМ