ДОМ како зелена партија му предлага на Градот Скопје натамошна разработка на сообраќајниот концепт во функција на развој на зелениот транспорт и поголема мобилност на студентите. На прес конференцијата присуствуваа и советничката од општина Кисела Вода, Дивна Видиниќ и претставникот на МОДОМ, Баже Јосифовски.ДОМ бара: Повеќе велосипеди со велосипедски патеки, што би значело подобрување на постоечките и изградба и обележување на нови велосипедски патеки; зголемување на бројот на велосипеди и станици за изнајмување; слободно возење во првите 30 минути, слично на Париз. Бесплатен превоз за студентите со јавниот транспорт во работните денови и Поевтинување на зонското паркирање и негово фокусирање на централното градско подрачје, со оставање слободен простор за паркирање на жителите во населбите – рече портпаролот и советник во општина Ѓорче Петров Тони Ритов.
ДОМ ја поздравува генералната политика на Градот Скопје за подобрување и зголемување на јавниот превоз, како и регулирањето на сообраќајот за да се намали сообраќајната гужва.
ДОМ како зелена партија му предлага на Градот Скопје натамошна разработка на сообраќајниот концепт во функција на развој на зелениот транспорт и поголема мобилност на студентите:
1. Повеќе велосипеди со велосипедски патеки, што би значело
- подобрување на постоечките и изградба и обележување на нови велосипедски патеки;
- зголемување на бројот на велосипеди и станици за изнајмување;
- слободно возење во првите 30 минути, слично на Париз.
2. Бесплатен превоз за студентите со јавниот транспорт во работните денови;
3. Поевтинување на зонското паркирање и негово фокусирање на централното градско подрачје, со оставање слободен простор за паркирање на жителите во населбите.
Во однос на првото барање, ДОМ смета дека постојната мрежа на велосипедски патеки е солидна подлога таа да биде искористена и надградена. Пред се сметаме дека Градот мора да преземе иницијатива за отстранување на непрописно паркираните возила од тротоарите и велосипедките патеки. На оние сообраќајници каде не постои велосипедска патека потребно е дел од коловозот да биде обележан за движење со велосипед и да биде поставена соодветна сигнализација. Исто така потребно е да се вложат напори за полесен пристап до велосипедските патеки, односно нивелирање на коловозот и велосипедската патека.
Како зелени целосно стоиме зад проектот за изнајмување на велосипеди. Сепак овој систем сметаме дека треба да се разграни и да опфаќа поголем дел од градските општини и тој да функционира 24 часа.
Затоа ние како советници во скопските општини веќе имаме поднесено иницијативи за велосипедски патеки и вклучување во системот и одвојување на финансиски средства за реализација во општините.
Oвие предлози на ДОМ имаат за цел намалување на сообраќајниот метеж со кој се соочува Скопје, намалување на бучавата, намалување на потрошувачката на горива, заштеда на финансиски средства во домаќинствата, намалување на загадувањето од издувните гасови на автомобилите и конечно, подобрување на квалитетот на живот.
За второто барање, Младинската организација на ДОМ – МОДОМ преку социјалните мрежи покрена петиција за бесплатен превоз на студентите. Истата иницијатива наиде на голем интерес – 3600 студенти ја потпишаа за три дена. Град Скопје и Владата успешно ги спроведуваат проектите за бесплатен превоз за пензионерите и учениците. ДОМ оваа иницијатива ја проширува и сметаме дека ваква поддршка потребна им е и на студентите. Носењето на ваква одлука би имала позитивно влијание врз студентскиот стандард и зголемената мобилност.
Што се однесува до третото барање, зонското паркирање треба да важи само во централното градско подрачје, а не и во општините каде луѓето живеат. Постоечката цена за истото е превисока и таа треба да биде намалена, затоа што претставува сериозен трошок во домашниот буџет.