Уривањето на делови од Мустафа Челеби џамијата во Струга, јасно укажува дека не се почитуваат законските одредби од Законот за заштита на културното наследство. Додека во светот се прават напори за да се заштитат објекти од минатиот век, ние ги уништуваме оние кои се изградени од пред неколку векови. На сите нам приоритет треба да ни биде заштитата и пренесувањето на културното наследство на идните генерации. Никако не можеме да изградиме постари и поубави објекти – истакна портпаролот Тони Ристов.
Од ДОМ искажуваме загриженост и незадоволство од се позачестеното уништување на културното наследство во Македонија.
Последниот пример со уривањето на делови од Мустафа Челеби џамијата во Струга, јасно укажува дека не се почитуваат законските одредби од Законот за заштита на културното наследство. Особено не загрижува податокот дека ова се случува во најразвиениот туристички регион во Македонија, охридско – струшкиот, во кој е скоцентриран голем дел од недвижното културно наследство, кое вооедно треба да биде и еден од носителите на туристичката понуда на Македонија – изјави портпаролот Тони Ристов.
Мустафа Челеби џамија е дел од богатото културно наследство од османлиско турскиот период и може да претставува една од културните точки каде би можеле да привлечеме странски туристи, особено од Република Турција. Од таму имаме и признание дека Македонија на Балканот е земја каде спомениците од тој период се најмногу зачувани и тоа претставува добра основа за културна соработка, но и за туристичка промоција на Македонија на турскиот пазар.
Додека во светот се прават напори за да се заштитат објекти од минатиот век, ние ги уништуваме оние кои се изградени од пред неколку векови. На сите нам приоритет треба да ни биде заштитата и пренесувањето на културното наследство на идните генерации. Никако не можеме да изградиме постари и поубави објекти – потенцираше Ристов.
Во законот јасно стои „ Недвижното културно наследство и недвижните добра се заштитуваат заедно со нивната непосредна околина“, а обврска и на сопственикот, во овој случај Муфтивството на Исламската верска заедница од Струга, е „културното наследство да се зачува во изворна состојба“.
Упатуваме апел до струшкото муфтивство да запрат со сите дејствиа. Ги повикуваме надлежните институции и службите за заштита да преземат итни оперативни активности за да се запре понатамошното уништување и деградирање на Мустафа Челеби џамијата, но и на сите објекти на територијата на Македонија, кои се прогласени за културно наследство, независно дали станува збор за сакрални или профани, и независно на која религија и припаѓаат..
Ги потсетуваме локалните самоуправи дека имаат законска обврска да го штитат културното наследство, и дека немаат никакви надлежности за да издаваат дозволи за изведба на било какви градежни работи на објекти прогласени за културно наследство и дека се должни истото да го спречат.