Носење закон за зеленило, изработка на Зелен катастар на градот, како и носење закон за Градски архитект се трите конкретни заложби кои беа истакнати на манифестацијата на ДОМ „Да ги одбраниме парковите“, по повод Светскиот Ден на планетата Земја.
Носење закон за зеленило, изработка на Зелен катастар на градот, како и носење закон за Градски архитект се трите конкретни заложби кои беа истакнати на манифестацијата на ДОМ „Да ги одбраниме парковите“, по повод Светскиот Ден на планетата Земја.
Посочувајќи ги трите заложби за институционална заштита на зеленилото во градовите, Лилјана Поповска, претседател на партијата и пратеник, додаде дека ДОМ како зелена партија се чувствува повикан да упати протест против секојдневното уништување на парковите и другото градско зеленило. Со неверојатна брзина се менуваат урбанистичките планови и на местото на парковите никнуваат бетонски објекти со што постојано се зголемува загадувањето, се влошува квалитетот на животот и се загрозува здравјето на сите нас и на нашите деца, заклучи таа.
Стево Темелковски, заменик министер за заштита на животната средина и просторно планирање Заштитата на животната средина, истакна дека зачувувањето на градското зеленило, парковите, јавната хигиена, се основни предуслови за покавалитетен живот во градовите, а Скопје како главен град на Република Македонија е најзагрозен во таа смисла. Тој потсети и на светскиот тренд на градење нискоенергетски куќи кои овозможуваат комфорно живеење со најмала потрошувачка на енергија, а кој почува да се применува и кај нас, и информираше за сеопфатната акција „Македонија без отпад 2012“ која деновиве се одвиваше низ целата држава, со поддршка на структури на централно и на локално ниво, како и на повеќе амбасади во РМ.
Членовите на Ораторскиот клуб при МОДОМ на насобраните граѓани им се обратија со свои пригодни говори.
Со манифестацијата која се одржа кај Школката во Градскиот парк ДОМ ја вклучи Македонија кон светското одбележување на Денот на платетата Земја кое започна уште во 1970 година и во кое учествуваат 175 земји.