ДОМ: Да ги одбраниме парковите

ДОМ, по повод 22 април, Светскиот ден на планетата Земја, организира еколошки настан во недела, 22 април, во 12.00 часот, кај Школката во Градскиот парк во Скопје. Со овој настан ДОМ ја вклучи и Македонија кон светското одбележување на овој ден во кое учествуваат преку 100 земји.

Мото на настанот е „Да ги одбраниме парковите“, со конкретни заложби за институционална заштита на зеленилото во градовите:

  • Носење закон за зеленило,
  • Изработка на Зелен катастар на градот,
  • Носење закон за Градски архитект.

ДОМ како зелена партија се чувствува повикан да упати протест против секојдневното уништување на парковите и другото градско зеленило. Со неверојатна брзина се менуваат урбанистичките планови и на местото на парковите никнуваат бетонски објекти со што постојано се зголемува загадувањето, се влошува квалитетот на живеењето и се загрозува здравјето на сите нас и на нашите деца. За време на настанот, од 12.00 до 13.30 часот ќе се обратат Лилјана Поповска, претседател на ДОМ, Стево Темелковски, заменик министер за животна средина и просторно планирање, како и членовите на Ораторскиот клуб при МОДОМ со свои пригодни говори.

Изјави за медиумите од говорниците во 12.30 часот.

Со почит,

Централна канцеларија на ДОМ

Скопје, 20.04.2012