Конвенцијата на ОН за лицата со хендикеп пред ратификација во Собранието

Конвенцијата на ОН за лицата со хендикеп наскоро ќе биде ратификувана во Собранието, а се подготвува и законот за права и достоинство на лица со хендикеп.  Ова беше една од програмските определби од зелената програма на ДОМ, за која ДОМ и ВМРО ДПМНЕ се согласија пред заедничкиот настап во Коалицијата „За подобра Македонија“ пред предвремените парламаентани избори 2011.

Демократската обнова на Македонија – ДОМ искажува задоволство од најавената ратификација на Конвенцијата на ОН за лицата со хендикеп во Собранието на Република Македонија. 

Не радува и фактот дека Министерството за труд и социјална политика интензивно работи на изготвување на законот за права и достоинство на лица со хендикеп, кој ќе придонесе за подобрување на нивната положба во општеството и законски ќе бидат гарантирани правата на овие лица.

Токму тој пакет мерки кој се однесува на ратификацијата на Конвенцијата на ОН за лицата со хендикеп и донесување системски закон за овие лица, беше една од програмските определби од зелената програма на ДОМ, за која ДОМ и ВМРО ДПМНЕ се согласија пред заедничкиот настап во Коалицијата „За подобра Македонија“ на неодамна оддржаните парламентарни избори, а кој подоцна стана дел од програмата на Владата.