Воспоставување на комплементарен систем за справување со непогодите од било каков вид; зголемена едукација на службите кои се справуваат со природните непогоди, но и на населението; подобро техничко опремување на соодветните служби и континиуран мониторинг на состојбите од евентуални природни непогоди, се дел од заклучоците кои произлегоа од трибината „Како да се справиме со природните непогоди во Македонија“, која ја организираше ДОМ, по повод меѓународниот ден за намалување на природните катастрофи.
Македонија како подрачје е подложна на неколку видови на природни непогоди: поплави, пожари, земјотреси,свлечишта, уривања, одрони, а ние се почесто сме сведоци на некои од нив.
Воспоставување на комплементарен систем за справување со непогодите од било каков вид; зголемена едукација на службите кои се справуваат со природните непогоди, но и на населението; подобро техничко опремување на соодветните служби и континиуран мониторинг на состојбите од евентуални природни непогоди, се дел од заклучоците кои произлегоа од трибината „Како да се справиме со природните непогоди во Македонија“, која ја организираше ДОМ, по повод меѓународниот ден за намалување на природните катастрофи.
Од излагањата на учесниците на трибината се укажа на потребата од менување на одредени законски и подзаконскли акти, во поставеноста и функционирањето на институциите што ги третираат водите и шумите како најзагрозени ресурси во моментов, како и зголемување на нивните буџети за усовршување и совремно постапување како со техничко материјални средства, така и со дополнително кадровско екипирање. Во многу незавидна состојба се институциите што ги третираат водите, а како последица на тоа се зголемениот број на поплави во изминативе неколку години.
Надлежностите на општините за време на природните непогоди теба да се приспитаат, пред се поради недостигот на кадри кои точно и правовремено би извршиле контрола и соодветно би алармирале при одредена непогода, но и потребата од стручна и научна анализа за одреден проблем. Во тој контекст беше посочена штетата што е направена во општината Другово, каде чистејќи го талогот од речното корито на река Треска кај селото Србјани, уништени се природни мрестилишта на пастрмка, што претставува еден од најеклатантните примери на несоодветна постапка во превенција од природни непогоди.
Колку човекот може да си наштети и да предизвика штета покажува и примерот со градежната окупација на Водно, каде секој ден никнуваат големи градби, спротивно на ДУП, кои од своја страна претставуваат опасност од појава на свлечишта и загрозување на животот и безбедноста на граѓаните. Оттука произлегува дека треба се направи и ревизија на веќе постоечките планови – истакна Лилјана Поповска во своето обраќање на трибината.
Позитивен пример во изминативе неколку години е ЈП Македонски шуми кои имаат преземено редица активности за превенција и контрола од пожари и болести на шумите, иако и таму постојат проблеми пред се во недостигот од средства и луѓе. не дозволува нивните активности да добијат.
Иницијатор и организатор на трибината беше Општинската организација на ДОМ Ѓорче Петров