За ДОМ како зелена партија, приоритет е здравата животна средина. Туризмот како економска гранка треба да се развива, но сепак строго треба да се води сметка за заштитата на животната средина. Оние кои ќе дојдат во Македонија, ќе дојдат заради убавата природа, заради богатото културно наследство. Затоа предлагаме две иницијативи: „Чиста Македонија“ – широка акција, како владин проект, во духот на „Денот на дрвото“ каде сите граѓани би се вклучиле, пред се за да ја исчистиме земјата, но и да ја подигнеме јавната еколошка свест. Вакви акции на Балканот беа многу успешно организирани во Словенија и Србија. Втората иницијатива е за „Развој на екотуризмот“ – Екотуризмот е еден од клучните сегменти на одржливиот економски развој, особено во руралните подрачја. Затоа ќе започнеме со серија дебати, а веќе следната недела ќе ја одржиме и првата дебата посветена на преспанскиот регион, кој е идеален за развој на екотуризмот.
ДОМ по повод Светскиот ден на туризмот одржа прес конференција на која беа презентирани првичните резултати од годинашнава туристичка сезона.
ДОМ како зелена политичка партија, пред 5 години го внесе туризмот во политиката, а од пред 3 години стана и владин приоритет, кога беше и формирана Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот во Република Македонија (АППТРМ), која низ конкретна соработка со Владата, веќе дава соодветни резултати. Така, во првите 7 месеци за оваа година имаме зголемување на бројот на странски туристи од 24,5%, во однос на минатата година, додека бројот на ноќевања на странците е зголемен за 33,2%. Според статистичките показатели најмногу посети имаме од грчките (111% – над 25.000) и турските (105% – над 21.000) туристи. Најголем процент на зголемување на странски туристи имаме од Холандија (143% – 11.700), а потоа следуваат Словенците (над 8.000), Полјаците (3.700), Финците кои првпат организирано почнаа да ја посетуваат Македонија (2.500), Русите под 2.000 итн. – изјави претседателката на ДОМ Лилјана Поповска.
Директорот на АППТРМ и член на комисијата за туризам при ДОМ, м-р Зоран Стрезовски изјави дека – Најголемите тур-оператори од Холандија „Тур Холандија“ и „Кориндон“ веќе потпишаа договори со хотелиерите за наредните три години и оттаму очекуваат за секоја година да се зголемува бројот на туристи за 20%, со што дополнително би се стимулирало хотелиерството во Македонија и изградба на нови хотели, за што имаме и најава за хотел со 5 ѕвезди на охридското крајбрежје. Што се однесува до туристите од Финска, кои годинава допатуваа во Македонија со 10 чартер летови, веќе за наредната година имаме најава за 13 чартер летови, што значи дека и од нивна страна постои задоволство од тоа што го видоа во Македонија. Во наредниот период ќе имаме засилени активности на полскиот, чешкиот и другите пазари како од регионот така и пошироко, а сме со размислување да отвориме и канцеларии во странство со цел да бидеме поблиску до потенцијалните посетители на Македонија.
Претседателот на Комисијата за туризам при ДОМ д-р Кристијан Џамбазовски на прес конференцијата истакна – Добро е што ние се враќаме на традиционалните пазари, како што е Холандија, но имаме и нови најави, како на пример од шпански тур-оператори, што значи дека пазарот се проширува и ќе добиеме пазар од 500 милиони луѓе колку што има жители Европската Унија. Моѓеме да кажеме дека со ова темпо со кое се движиме за македонскиот туризам претстојат светли денови.
За ДОМ како зелена партија, приоритет е здравата животна средина – рече Лилјана Поповска. Туризмот треба да се развива, но сепак строго треба да се води сметка за заштитата на животната средина. Оние кои ќе дојдат во Македонија, ќе дојдат заради убавата природа, заради богатото културно наследство. Затоа предлагаме две иницијативи:
- „Чиста Македонија“ – широка акција, како владин проект, во духот на „Денот на дрвото“ каде сите граѓани би се вклучиле, пред се за да ја исчистиме земјата, но и да ја подигнеме јавната еколошка свест. Вакви акции на Балканот беа многу успешно организирани во Словенија и Србија.
- „Развој на екотуризмот“ – Екотуризмот е еден од клучните сегменти на одржливиот економски развој, особено во руралните подрачја. Затоа ќе започнеме со серија дебати, а веќе следната недела ќе ја одржиме и првата дебата посветена на преспанскиот регион, кој е идеален за развој на екотуризмот.