Премиерот Груевски досега најјасно и најдиректно ја пренесе пораката од македонскиот народ, дека сака да биде рамноправен член во сите меѓународни организации, без да биде загрозен националниот идентитет и достоинство.
ДОМ во целост го поддржува настапот и ставовите на Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, на 66-тото Генерално Собрание на ООН во Њујорк.
Премиерот Груевски досега најјасно и најдиректно ја пренесе пораката од македонскиот народ, дека сака да биде рамноправен член во сите меѓународни организации, без да биде загрозен националниот идентитет и достоинство.
Изразуваме особено задоволство од илустративниот начин на кој премиерот пред Генералната Асамблеа, ја објасни состојбата во која се наоѓа Македонија, заради наметнатиот спор со јужниот сосед и неможноста за наше интегрирање во ЕУ и НАТО, изразувајќи благодарноста кон 133-те земји членки на ООН, кои не имаат признато под уставното име, Република Македонија, иако во оваа организација се водиме под привременото име.
ДОМ има идентичен став за овој суштински проблем, кој е набележан и во нашите програмски документи и повеќепати повторен во јавноста и на политичката сцена.
Премиерот Груевски на многу добар начин ја искористи можноста пред светските лидери јасно и недвосмислено да ги претстави аспирациите и посветеноста на граѓаните на Република Македонија за изградба на економски просперитетна и, хумана држава, целосно рамноправна земја членка на ООН, што ги почитува и спроведува највисоките принципи на организацијата.
Со почит,
Сектор за односи со јавност на ДОМ