На зеленилото му треба институционална заштита, за да не се забетонираат целосно градовите. Затоа, ДОМ апелира до сите институции, политички субјекти и граѓани да дадат поддршка за неколку конкретни идеи:
Во Македонија немаме доволна свест за значењето на зеленилото, особено на градското. На него честопати се гледа како на празен простор кој може да стане градежна парцела или улица. Се заборава дека повеќе зеленило значи повеќе здравје, зашто само едно 10-годишно дрво дневно дава кислород потребен за еден човек, го голта јаглеродниот диоксид, дава влага и сенка за стари и млади, накусо – придонесува за поздрав живот и похумано живеење.
На зеленилото му треба институционална заштита, за да не се забетонираат целосно градовите. Затоа, ДОМ апелира до сите институции, политички субјекти и граѓани да дадат поддршка за неколку конкретни идеи:
- Да се направи зелен катастар на Скопје, односно попис на целото зеленило, по број, вид и состојба.
- Да се внесе стандардот од 25 м2 зелена површина по жител во новиот Генерален урбанистички план на Скопје.
- Да се внесе Градски архитект со Градски совет на архитекти во Законот за Град Скопје, по примерот на најубавите европски метрополи.
- Да се измени Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, во насока на: намалување на искористеноста на градежната парцела од сегашните 70% на најмногу 50%, внесување на мин. 20% зелена површина, спречување на 100%-ната изграденост на подземниот дел на објектот, дефинирање на густината на жители и забрана на пренамената на зелената површина во градежно земјиште, посебно на блоковското зеленило предвидено со ГУП-от.