ДОМ ги повикува опозиционите партии кои излегоа од Парламентот да се вратат назад, а своите сомнежи во процедурите околу фирмите на Перо Наков бб да ги проверат преку Анкетна комисија, било во редовен или ад хок состав. Тоа е единствениот начин за да се спречи опасен развој на настаните, кој би наликувал на она што неодамна го видовме во Албанија, во Тирана. Затоа ДОМ ги повикува сите политички субјекти и граѓаните да повлијаат за надминување на тензиите.
Доколку настаните продолжат во ваква насока, ова со сигурност води кон парламентарна криза и изнудени предвремени избори, изведени во атмосфера на жестока поделба меѓу партиите, која ќе се пренесе и на граѓаните и да резултура со граѓански судири. Тогаш кој и да победи на едни такви избори, тоа би било Пирова победа и тоа би ја одвело Македонија 20 години назад.
На прес конференцијата зборуваше Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска.