Мора да се гарантира целосна слобода на медиумите

На Македонија и è неопходен плурализам на медиумите, а со самото тоа и осветлување на нашето секојдневие од разни аспекти.ДОМ и понатаму ќе се залага во Македонија да може да се спроведе највисокиот идеал на Волтер да му овозможиме на секој да го искаже својот став, дури и на оној со кои нè се согласуваме.Тоа е суштината на демократијата и на слободата на мислата и говорот.

Сите политички фактори треба да обезбедат слобода на медиумите, не само на А1, туку и на сите други медиуми, во интерес на информирањето, развојот на демократијата и европската иднина на државата.

Воедно ДОМ, како зелена партија, чиј центар на внимание е човекот, изразува загриженост за информациите околу состојбата на бремената жена, која се наоѓа во притвор, од случајот Перо Наков бб. Затоа упатуваме неколку прашања до институциите на системот:

  1. Јавноста треба да знае дали е тоа точно?
  2. Каква е состојбата на мајката и нејзиниот плод?
  3. Дали треба да се разгледа можноста, во овој случај, за замена на затворскиот притвор со домашен притвор?

На прес конференцијата зборуваше портпаролот Тони Ристов