ДОМ е против уставната можност на Претседателот на државата да дава аболиција, бидејќи во светот аболицијата многу ретко се користи и во многу ретки и исклучителни случаи, а овој случај не е таков.
ДОМ смета дека со ваква злоупотреба на аболицијата од страна на Претседателот се руши правниот поредок на државата, бидејќи се оневозможува некое обвинение, дури и да е паушално, да се докаже или да се демантира низ судскииот систем, а во овој случај станува збор за кримиинална малверзација, а не политички бенефит.Со оглед на тоа дека воопшто не е почитувана вообичаената постапка за давање аболиција, ДОМ оценува дека се работи за преседан со кој Претседателот на РМ ја продлабочува наводната политичка криза во државата.СДСМ со ова докажа дека врши притисок во континуитет врз судот на еден апсолутно непримерен начин, додека претседателот, кој е инспиратор на се што прави СДСМ, аболицира.
Со ова на два начина се врши удар врз правната држава.ДОМ прашува: Значи ли ова дека Претседателот може да ослободи секој криминалец од лични или тесно-партиски интереси и без никакво образложение?ДОМ смета дека со злоупотребата на институтот аболиција, претседателот Бранко Црвенковски му прави лоша услуга на Зоран Заев кој никогаш нема да може да се исчисти од сомнеж за сторен тежок криминал – секогаш ќе остане да виси во воздух дека го направил кривичното дело за кое Црвенковски со аболицијата му ја одзема можноста да се брани и на суд да ја докаже невиноста. Зашто, ДОМ е уверен дека Судот е единственото место во секоја држава каде што се докажува вината или невиноста.Прес конференцијата ја водеше портпаролот на ДОМ Тони Ристов
Центар за информации и комуникации Скопје, 05.08. 2008 г.