На 03.07.2008 г., во присуство на претседателката Лилјана Поповска членови на партиското раководство и гости од подмладоците на политичките партии, се одржа првото изборно собрание на Младинската организација на Демократската обнова на Македонија (МОДОМ), на кое беше избрано ново раководство и конституиран ЦО на МОДОМ.Поздравно обраќање пред МОДОМ имаше претседателката Поповска.За претседател на МОДОМ е избран Џунејт Мусаи од Гостивар. Новиот претседател на МОДОМ по повод изборот во својот говор истакна:
Како млада партија ни беше потребно време да се запознаеме и да се профилираме како младина, сега тоа е надминато. Се надевам дека ќе успееме МОДОМ да стане релевантна младинска организација, и да се избориме кај нашите повозрасни колеги за уште поголем простор за афирмација на нашите идеи и за искористување на нашите капацитети.Затоа да ги мобилизираме нашите сили, да ги обединиме интелектуалните капацитети меѓу нас младите кои отсекогаш сме биле моторна сила на партијата.Пред нас младите политичари има уште еден голем предизвик: дефинитивно да го смениме имиџот на македонскиот политичар како корумпиран, неспособен, инертенЗа потпретседатели се избрани Мирослав Богдановски од Скопје и Дејан Дејановски од Крива Паланка. За секретар е избрана Тања Трајкова од Скопје. На изборното собрание беа донесени и програмските цели на МОДОМ, врз кои ќе се градат активностите и политиките на МОДОМ.