За зачувување на идентитетот на Македонскиот јазик се зборуваше на трибината која вчера Демократската обнова на Македонија ја организираше во Гостивар. За идентитетот на Македонскиот јазик зборуваше академик Блаже Ристески.
Без јазикот ние не можеме да постоиме, идентитетот не би постоел, а ние Македонците свесно треба да се бориме за да го зачуваме сопствениот идентитет- рече претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска.Надворешното влијание нема значење за промената на идентитетот на јазикот, а народот треба сам да го чува јазикот.