ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА 13.05.2008
ДАЛИ ЛДП НАЈАВУВА НАСИЛНА КАМПАЊА НА КОАЛИЦИЈАТА СОНЦЕ?
ДОМ и коалицијата „За подобра Македонија“ декларираа дека ќе водат позитивна предизборна кампања.
Повиците за фер и демократски избори, потпишаниот кодекс од сите политички партии меѓу кои и од Коалицијата Сонце, за водење коректна кампања во мирна политичка атмосфера, како да не допреа до нив. Овие избори се огледало пред Европа и светот и услов за нашето асоцирање во евроатлантските структури, на што толку многу се повикува Коалицијата Сонце.
Во изминатитве две години од СДСМ, ЛДП и останатите партнери од оваа коалиција не видовме и не слушнавме ниту еден конкретен предлог или проект, со кој би ги навeле граѓаните на Република Македонија дека мислат и работат за подобрување на нивната состојба. Наместо тоа, видовме само опструкции. И сега оддеднаш тие агресивно ќе ги убедувале граѓаните, одејќи од врата на врата, дека нивната политика ќе им обезбеди европска перспектива за шест месеци??!!
Прашуваме дали нивните реакции се одраз на нивната безидејност, отсуство на конструктивен пристап и неспособност за придобивање на гласачкото тело со конкретни програми и проекти. Да се потсетиме: лидерот на Либерал Демократската Партија, Јован Манасиевски, на конвенцијата театрално ја истрга вратоврската, и повика да се тргне во „борба“. Оттаму, се сомневаме дека овој гест е најава за насилна, агресивна, примитивна и невкусна кампања на коалицијата Сонце.
Сето ова го гледаме и во инсценираните напади на одредени партиски активисти и штабови. Ако ова се случува на почетокот на кампањата, што можеме да очекуваме до први јуни?
Со ваквите активности и гестови ја искривуваат сликата за македонската демократска реалност, си го уриваат и онака нискиот рејтинг, секојдневно си го осипуваат членство кое особено од ЛДП масовно преминува во ДОМ како што е во Крива Паланка, Виница, Пробиштип, Кочани, а во Скопје прогресивните теми како екологијата, туризмот, обновливите извори на енергија направија овие неколку денови да бидат препознаени од граѓаните и тие да се зачленуваат во ДОМ, што особено го цениме, бидејќи станува збор за луѓе кои претходно политички биле неопределени..
И на крајот, во духот на кампањата „Знаењето е сила, знаењето е моќ“, ќе кажеме „Да! Знаењето е сила“, а во отсуство на знаење и аргументи тие нивната сила ја манифестираат со најава на голи тупаници.
ДОМ уште еднаш им се обраќа на граѓаните, но и на сите политички фактори да ги смират страстите и разумно да влезат во оваа изборна кампања.