Исклучи се!

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА 14.05.2008

СООПШТЕНИЕ

По повод одржаната прес конференција на Младинската Организација на Демократска Обнова на Македонија(МОДОМ) и Младите Социјалисти на Македонија(МСМ).

ИСКЛУЧИ СЕ!

Денеска во просториите на прес центарот на ДОМ, заедничка прес конференција одржаа МОДОМ и МСМ на која ја највија утрешната акција на двете организации по повод 15 мај Меѓународниот ден за заштита на климата. со наслов “ИСКЛУЧИ СЕ!”. 

Апелираме до граѓаните на Република Македонија утре, на 15 мај, на Меѓународниот ден за заштита на климата, во периодот од 12 до 13 часот, да ги исклучат сите апарати кои емитираат стакленички гасови (автомобилски мотори, електрични уреди, апарати во домаќинството и т.н.), со што преку своето дејствување на локално ниво ќе дадат голем придонес за намалување на затоплувањето на глобално ниво, а до сите партиски штабови апелираме во овој период да ги исклучат електричните уреди, сметајќи дека тоа нема да го наруши ритамот на нивното работење меѓутоа ќе биде од големо значење за намалување на климатските промени и симболично обележување на овој еколошки ден – изјави Тодор Димитров од МСМ.

Лидија Сушевска, најави дека во организација на Младинската организација на ДОМ – МОДОМ, утре, ќе се одржи еколошка трка со велосипеди и ролери со почеток во 12 часот од плоштадот Македонија (пред главниот штаб на ДОМ) до Александар Палас. Трката ќе се одвива на патеката покрај Вардар. Победниците во одделните категории (велосипеди, ролери) ќе добијат зелена маица и зелено капче. За оваа акција ги покануваме и младинските организации на коалиционите партнери, но и сите млади во државата да се приклучат кон оваа благородна акција.

Ефектот на стаклена градина, кој во минатото беше благослов на Земјата, во последното столетие, како резултат на човековите активности и брзиот индустриски развој, постепено прерасна во глобална закана. Податоците за климата уште од пред 160 години, укажуваат на тесната поврзаност меѓу концентрациите на стакленички гасови и климатските промени. Емисијата на високи концентрации на стакленички гасови во атмосферата, посебно во развиените земји, одамна го надмина самопречистителниот капацитет на Мајката природа.

Со посебен акцент на големото значење на климатските промени и неопходноста од превземање на ефективни мерки за ублажување на негативните влијанија од истите врз здравјето на луѓето во животната средина, МОДОМ ги поканува сите граѓани, без оглед на возраста и партиската припадност, масовно да се вклучат во акцијата – ја појаснија целта на оваа акција младите на ДОМ.