ДОМ ИМ БЛАГОДАРИ НА ЗЕЛЕНИТЕ ЕВРОПАРЛАМЕНТАРЦИ
ДОМ реагира на исходот од седницата на Европарламентот, на која беше прифатен извештајот за напредокот на Република Македонија во евроинтеграциските процеси. За жал во крајната верзија на извештајот, беше прифатен грчкиот амандман со кој решавањето на спорот околу името стана услов за нашата евроинтеграција и покрај жестокото противење од страна на европските зелени. Имено групата на зелените во Европарламентот цврсто застанала на став дека ако сакаме стабилна Европа треба да престанеме да користиме термини како поранешна и привремена, бидејќи тие не одговараат со демократската традиција и цивилизирано политичко живеење на Европа. Со својот принципиелен пристап европските зелени опстојуваат на принципите за зачувување на човековите права и правото на секоја земја и народ на име и идентитет. Во оваа прилика нивните ставовите апсолутно се поклопуваат со ставовите на ДОМ. Затоа ДОМ сака јавно да им се заблагодари на европските зелени за упатената поддршка. Г-ѓата Лилјана Поповска од името на ДОМ, упати писмо до генералниот секретар на Европската Зелена партија г-н Хуан Беренд, во кое му се заблагодарува за поддршката која и ја даваат на Република Македонија зелените за зачувување на името и македонскиот идентитет.