Морачанин од ДОМ: Принципот "Загадувачот плаќа" мора да се почитува❗
- Детали
- Објавено: Четврток, 14 Јануари 2021 20:18
Измените на Законот за минерални суровини по скратена постапка се ставени на дневен ред на седница закажана за 18 јануари во македонскиот Парламент. Дел пратеници и еколошки здруженија оценуваат дека со нив ќе се овозможи полесно отворање на нови рудници и апелираат Владата да го повлече текстот.
Зелената партија ДОМ со загриженост повторно алармира за ситуацијата со Охридскиот регион. По последниот извештај на УНЕСКО во кој на повеќе од 100 страни е образложена итноста за заштита на регионот, како забелешки се посочени проблемите со дивоградбите, заштитата на биодевирзитетот, управувањето со заштитните подрачја, справувањето со депониите и отпадот како и нефункционалноста на колекторот. Со ваквото непланско постапување, се доведува во прашање опстојувњето не само на природното туку и културното богатство на регионот.
Зелената партија ДОМ на сите граѓани во Македонија им ја честита Новата 2021 година, со искрени желби за добро здравје, среќа и благосостојба.
2021 нека биде година на победа над корона пандемијата и надминување на здравствените и социо-економските последици од корона кризата. Обединети во различностите, заедно да продолжиме да градиме позелена, поправедна, европска иднина.
Среќни новогодишни и божиќни празници!
Тинеке Стрик, европратеничка, портпаролка на Зелените/ЕФА за Северна Македонија
Маја Морачанин, пратеничка и лидерка на Зелената партија ДОМ
Актуелното бугарско вето, што го блокира почетокот на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, ја загрозува политичката стабилност во Северна Македонија, кредибилитетот на блокот во целиот регион и може да претставува опасен преседан за пристапувањето на другите земји од Западен Балкан во ЕУ. Затоа, сите земји-членки, Европската комисија и Европскиот парламент треба да извршат максимален притисок врз Бугарија за да се откаже од своето вето и да се обезбеди прогресивно продолжување на процесот на пристапување на Северна Македонија кон ЕУ.
Младинската организација на ДОМ - МОДОМ јавно алармира за огромните трошоци кои ги имаат студентите во време на ковид криза. Во ситуација кога наставата се одвива на далечина, студентите сеуште имаат високи дополнителни трошоци и покрај редовната годишна партиципација.
По повод Меѓународниот ден на човековите права, 10 декември, Собранието на Република Северна Македонија во соработка со Националната мрежа против хомофобија и трансфобија ја одржа конститутивната седница на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето. Прв пат оваа група беше формирана во мандатот на претходниот парламентарен состав.
Зелената партија ДОМ учествуваше на 32 Совет на Европските зелени партии, кој поради Ковид-19 пандемијата се одржа онлајн, од 02-06 декември оваа година. Настанот беше организиран од Европската зелена партија заедно со полската Зелена партија-Partia Zieloni. На Советот како делегатка од ДОМ, со право на глас учествуваше Маја Морачанин, претседателка на ДОМ.
Зелената партија ДОМ очекува од ЕУ, до крајот на оваа година да ја реализира одлуката од март за почеток на пристапните преговори со Р.С.Македонија, останувајќи доследна на европските вредности.
Во изминатиот период нашата држава вложи огромни напори и спроведе значајни реформи што беше потврдено и од страна на ЕУ. Уверени сме дека уважувањето на апсурдни барања кои не се во согласност со меѓународните и европските стандарди за самоопределување, како основ за повторно одлагање на почетокот на преговорите, не е во интерес ниту на регионот, ниту на ЕУ.
За сесловенската писменост и култура едно од најзначајните имиња е Св. Климент Охридски, еден од најистакнатите ученици на браќата Св. Кирил и Методиј, кој живеел и творел во 9-от век и бил еден од создавачите на кириличното писмо, кое е основа на современата македонска азбука, покровител на образованието и јазикот.
Осми декември е македонски државен празник, ден кога се чествува Св. Климент Охридски, еден од првите словенски светци, научник, писател и просветител на Словените. Тој е и првиот словенски епископ и основач на Охридската книжевна школа, попозната како Прв словенски универзитет, што бил извор на многу народни учители, црковни службеници и проповедници.
По повод овој празник, делегација на Зелената партија ДОМ, во состав Христина Оџаклиеска и Емил Крстески, членови на Извршниот одбор на ДОМ, положи свежо цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски во Скопје.