Проф. д-р Ана Угринска од Коалицијата за зелена иднина: Ќе бараме трага на секој литар вода во Скопје

copy of copy of copy of copy of copy of copy of copy of untitled design
Проф. д-р Ана Угринска, ко-претседателка на ДОМ

Кандидатката за советничка во Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина, проф. д-р Ана Угринска, во видео-обраќање најавува итни и мерливи чекори против големите загуби на вода и нетранспарентното управување со системот на водоснабдување.

„65% загуби на вода не се дефект, тоа е системска неправда врз скопјани и скопјанки. Не пукаат само цевките, туку и правилата: нелегални приклучоци, питка вода за полевање и молк на институциите кога треба одговорност,“ порачува Угринска, притоа додавајќи дека притоа „чесните ја плаќаат сметката.“

Угринска соопштува дека Коалицијата за зелена иднина има подготвено пакет мерки што ќе овозможи следење на потрошувачката на вода во Скопје.

„Ќе бараме трага на секој литар: јавно евидентирање, контроли и санкции за нелегални приклучоци и јасно одвојување на питка од техничка вода,“ вели Угринска.

Во пораката до јавноста, таа апелира дека водата мора да се штити како заедничко право.

„Водата е јавно добро, а не товар за граѓаните и бизнис модел за малкумина“, порачува кандидатката за советничка во Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина и ко-претседателка на зелената партија ДОМ, проф. д-р Ана Угринска.

Линк до видеото: https://www.facebook.com/share/r/1ZMPxCCmFF/