Сретен Стојковски од Коалицијата за зелена иднина: На градежниот цинизам во Куманово ќе одговориме со 20% зеленило на секоја градежна парцела

copy of copy of copy of copy of copy of copy of copy of copy of untitled design
Сретен Стојковски, Носител на советничка листа во Куманово

Носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Куманово, м-р Сретен Стојковски, во видео-обраќање најави јасни урбано-еколошки стандарди, како што се задолжително зеленило, ред во управувањето со отпадот и системски решенија против поплави.

„На градежниот цинизам ќе одговориме со мерка: најмалку 20% зеленило на секоја градежна парцела — не како декоративна мисла, туку како обврска што ќе се почувствува во секоја населба,“ порачува Стојковски.

Тој посочи дека Куманово мора да воведе ред во третманот на градежниот и габаритниот отпад.

„Каде што денес завршува шут, утре ќе стои ‘зелен остров’ — место за градежен и габаритен отпад со ред и трага. Нашите реки и улици не се канализација“, порачува Стојковски.

Тој најавува и приоритетна инфраструктурна интервенција во атмосферската канализација на Куманово.„Кога ќе заврне, кумановчани и кумановки не смеат да стравуваат за своите домови. Ќе бараме доизградба на атмосферската канализација — од сегашните 22% покриеност кон целосно одвојување на дождовницата, за да не ја гуши фекалната мрежа и пречистителната станица,“ вели носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Куманово, м-р Сретен Стојковски.


Линк до видеото: https://www.facebook.com/reel/1475981630340764