ДОМ:Дали дискриминацијата е новото нормално?

dali diskriminacziјata e novoto normalno
Дискриминација

Децении зборуваме и се бориме за демократија, таа која што се залага за правичност без дискриминација. Но деновиве се соочивме со повреда, и тоа онаа нај болната, нај нечовечната, жена на жена за нај болното. И сепак човечки е да се згреши, но човечки е и да се побара проштевање, извинување. За жал и тука гордоста победува и со самиот чин на извинување, се калкулира, како економски чин, а извинувањето е за говорот, а не за жената, колешката, битието. Извинување, со напад, извинување со зборови дека било  потребно да се подготват, дека им било потребно  време да го исполитизираат и да спремат напад.Нашиот народ разбира што е извинување и покајание и дека истото доаѓа веднаш, од душата, од срцето, а не од напишаното, прочитаното.