Денес во Охрид беше реализирана конференцијата под наслов „Локални политики за Охрид: Чиста вода, воздух и урбанизација“. На конференцијата свои обраќања имаа експерти, еколошки активисти, локални претставници, како и претставници од ДОМ. Во заедничката дискусија беа предложени одржливи решенија за заштита на природното и културното наследство на Охрид, со посебен акцент на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Конференцијата беше простор за интензивна дебата, размена на идеи и дефинирање на конкретни чекори за решавање на горливите прашања поврзани со урбанизацијата и заштитата на животната средина.
Настанот беше заокружен со потпишување на Платформа за заедничка соработка меѓу ДОМ и десетина еколошките здруженија, меѓу кои ЕД „Грашница, НВО „Зелена планета за сите“, Т.А. за Охрид Билјана и др. Платформата претставува основа за дефинирање на идните активности и зајакнување на заедничките напори за креирање зелени локални политики.
ДОМ останува посветен на иницијативите што ќе го зачуваат Охрид и ќе продолжи да се залага за реализација на предложените решенија.