Кога започнува насилството?

Серија текстови од м-р Радојка Наумовска, член на ИО на ДОМ посветени на подигнување на свеста против родово базираното насилство.

koga zapochnuva nasilstvoto
Кога започнува насилството?

Насилството започнува во моментот кога насилникот се чувствува загрозен – односно почнува да се плаши од губење на моќта и контролата. Бидејќи не е научен правилно да ги контролира емоциите како што се стравот, беспомошноста, срамот и вината, насилникот одлучува намерно да ѝ наштети на најблиската личност или поради која мисли дека настануваат овие недозволени чувства.

Ваквото нанесување штета може да биде во форма на навреди, лоши зборови, економски забрани/ограничувања или забрани за движење, емоционално условување, но и физичко казнување. Голем дел од ова однесување не се препознава како насилство во нашето општество, но е нормализирано и не се дискутира. Доколку се зборува за тоа, се разговара за можните постапки на жртвата кои довеле до казна, а срамот и одговорноста за насилството се пренесува од рана фаза на оние кои трпат насилство.