Целта на насилството е контрола и моќ

dosta e website
Целта на насилството е контрола и моќ

За да се минимизира родовото насилство, неопходно е да се направат не само радикални промени во правосудниот систем, туку и во општествената структура и нашите односи со родовото условување. Но, прво мора да разбереме “Жртвата никогаш не е виновна или одговорна за насилството“.

Ова го кажуваме, пишуваме и читаме насекаде. Крајно време е навистина да почнеме да размислуваме и да дејствуваме соодветно. Превенцијата на насилството не започнува со санирање на последиците, туку со воспитување на детето, образование на секој човек, без разлика на пол, возраст, образовен, економски и семеен статус. Превенцијата започнува со препознавање и можност за избор.

Превенцијата на насилството започнува кога ќе одлучиме да им помогнеме на оние кои трпат насилство. И секако не остануваме само на изјави. За минимизирање на родовото насилство, подготвивме низа текстови за подигање на свеста за тоа што е родово насилство и како да го препознаете.