Серија текстови од м-р Радојка Наумовска, член на ИО на ДОМ посветени на подигнување на свеста против родово базираното насилство.
Насилството е намерно дејствие на нанесување штета, кое се врши со цел да се наметне моќ и контрола на сторителот врз лицето врз кое се врши насилството.
Со оглед на тоа што зборуваме за патријархална култура, насилството е претежно родово и се врши врз жените.
Кога станува збор за насилство врз мажи, во 90% од случаите тоа е извршено од маж врз маж како начин на борба за одреден тип на моќ и контрола (семејна, деловна, социјална).
Во ретки случаи, се случува насилството врз мажот да биде родово, односно да се врши врз него само затоа што е маж. Насилството е траума за лицето кое страда и сериозно го нарушува неговото ментално здравје и интегритет. Насилството е најтешка форма на кршење на човековите права.